logo

7 совети за успешни преговори за плата

cover image

Преговорите за подобра плата е нешто на кое треба да се фокусира секој професионалец.

Без разлика на тоа кога последен пат сте преговарале за плата, ќе дојде времето кога повторно вредноста на работата што ја вршите не ја рефлектира компензацијата што ја добивате од вашиот работодавач.

Кога ќе дојде до тоа, важно е објективно да му пристапите на прашањето, да формирате став за вашата очекувана плата кој ќе биде заснован на докази и на крај, секако, да преговарате за тој износ.

Следете ги овие седум едноставни совети кои ќе ви помогнат да имате поефективни преговори за плата:

Предложете опсег наместо фиксен износ

Кога ќе ве “притиснат“ да кажете колку барате, секогаш треба да бидете сигурни дека ќе понудите опсег на плата за која сте заинтересирани да ја прифатите работата, наместо фиксен износ. Меѓутоа, важно е да бидете свесни за платите во вашата индустрија и согласно вашиот профил да предложите опсег кој соодветствува со вашите знаења, вештини и искуство. На овој начин, пред вас имате опсег на плата кој е прифатлив за работодавачот што ви овозможува полесно да преговарате и да најдете компромис.

Не се продавајте ефтино

Една од најчестите грешки што ги правиме кога зборуваме за тековната плата е заборавањето на бенефициите кои се дел од вкупната компензација. На пример, ако заработувате 30.000 денари месечно со 20 отсто бонус плус здравствени и пензиски бенефиции, тогаш на прашањето за плата треба да одговорите велејќи: “36.000 денари плус солидна бенефициска програма“.

Подгответе го теренот барем еднаш пред вистинските преговори

Најдете некој кој ќе го слушне вашиот предлог за зголемување на платата, така што ќе можете да ги слушнете гласно вашите мисли и идеи кои имате во план да ги кажете на преговорите. Голем дел од успешните преговори се сведуваат на чувство на релаксираност и практикување.

Бидете учтиви

Несекогаш преговорите за плата завршуваат во корист на луѓето кои бараат поголема плата. Без разлика на исходот, секогаш бидете разбирливи, полни со почит и благодарни за можноста.

Бидете сигурни во вашата испорака

Од исклучителна важност е да верувате во себе кога ќе дојде моментот да преговарате за плата. Секогаш бидете сигурни во вашите ставови.

Избегнувајте да ја прифатите првата понуда

Ако ви треба време да размислите за понудата, кажете го тоа гласно. Закажете го следниот состанок во период од 24-48 часа и вратете се назад со одговор или контрапонуда.

Бидете реални кон себе

Вашата преговарачка моќ ќе варира во зависност од вашата моментална состојба. На пример, ако сте невработени и аплицирате за работа, очекувајте да ви понудат приближно онолку колку што била вашата стара плата, а некогаш и нешто помалку.


Тргнете подготвени во преговорите за повисока плата

Споредете ја вашата плата сега!





Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата