logo

Како да одговорите на прашањето за плата?

cover image

Без разлика колку одлично поминало интервјуто, прашањето “Кои се вашите очекувања за платата?“ може да направи вистински пресврт.

Станува збор за едноставно прашање со сложен одговор. Работодавачите го поставуваат ова прашање за да видат колку вие се вреднувате себеси и работата што ја правите. За да не дозволите едно прашање да ви ги скрати шансите да ја добиете работата што ја посакувате, еве неколку трикови за тоа како најдобро да се снајдете во оваа ситуација.

Тешко е да се одлучите за одредена сума кога не сте свесни што се ќе опфаќа вашата позиција. За ова прашање не постои точен одговор, но секако дека постојат одредени насоки до кои би било пожелно да се придружувате.Иако веројатно ќе посакате да целите високо, сепак немојте да целите премногу високо и да се ставите надвор од рангот на плата што компанијата може да си ја дозволи. Доколку одите во спротивна насока, вие оставате простор вашиот работодавец да понуди уште пониска цифра . Ова може да направи да се почувствувате мизерно поради недостатокот на соодветната компензација.

Доколку можете информирајте се колку е платена истата позиција во други фирми кои се слични со таа во која аплицирате. Тоа би било добар почеток за да имате отприлика некои бројки според кои ќе можете да се ориентирате.

Кажете дека сте флексибилни

Доколку сакате да се обидете да го заобиколите директниот одговор, можете да кажете дека вашите очекувања за платата се во согласност со вашето искуство и квалификации. Исто така можете да додадете дека доколку ова е вистинската работа за вас, сигурно ќе може да се дојде до договор каде и двете страни ќе бидат задоволни. На овој начин ќе покажете дека сте флексибилни.

Понудете одреден опсег

Доколку флексибилноста не помогне и вашиот потенцијален работодавач сака да слушне конкретни броеви, најдобро ќе биде да понудите цифра околу која би сакале да ви биде платата. Ова повторно ќе ви овозможи одредена флексибилност, а сепак интервјуерот ќе добиен јасен одговор за вашите очекувања.

Дадете си покачување

Дали мислите дека е време за повисока плата? Дали тоа не можете да го добиете од вашата моментална позиција? Доколку не сте задоволни од платата што ја имате во сегашната компанија, ова е добар момент да понудите повисоки бројки. Најдобро би било да не претерате со зголемувањето, туку тоа да биде зголемување од 15-20%. На овој начин, тоа ќе ви биде совршен поттик за да го направите префрлувањето од една во друга компанија.

Дадете понуда со која ќе бидете задоволни

Запомнете, понудете бројки кои вас лично ќе ви бидат прифатливи и доволни за вашите индивидуални месечни трошоци. Истакнете ги вашите вештини Во вашиот одговор можете суптилно да нагласите зошто добро би се вклопиле во позицијата. Пред да спомнете било каков број, потсетете го интервјуерот зошто тој или таа би биле задоволни доколку ве имаат во тимот. Одговорот од типот "Врз основа на моето X-искуство во оваа област, би очекувал/а плата во опсег од x-y" е сосема прифатлив. Во никој случај немојте да се потценувате себеси и сопствените вештини. Доколку сметате дека не заслужувате ништо помалку од тоа што го нудите како плата, држете се до тие бројки. Дури и да се случи најлошото сценарио и да не ја добиете работата, ова ќе ви биде уште едно позитивно искуство. За нареден пат, ќе бидете поспремни и посамоуверени.

Сакате да дознаете колкава е вашата плата во споредба со другите? Сега е лесно!

Споредете ја вашата плата сега!


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата