logo

Како Facebook ги одредува платите на вработените

cover image

Facebook употребува алгоритми за пресметување на платите и покачувањата со што просторот за преговори е навистина мал.

Доколку имате добри преговарачки способности, не значи дека ќе добиете поголема плата – барем така е во Facebook. Таму платите произлегуваат од низа формули преку кои се евалуира перформансот на секој еден вработен.

“За нас е најважно секој вработен да добие фер компензација“, вели Жанел Гејл, заменик директор за човечки ресурси во Facebook.

Инаку, Glassdoor неодамна го прогласи технолошкиот гигант за најдобро место за работа во 2018 година, а просечната годишна плата во компанијата изнесува 120.000 долари. Ако на овој износ се додаде вредноста на другите бенефиции, вкупната годишна компензација за вработените во Facebook изнесува 155.000 долари.

Меѓутоа, до овој износ со 6 цифри не се доаѓа по пат на преговори. Facebook има свој систем кој го одредува компензацискиот пакет за своите вработени, притоа земајќи ги предвид факторите како позиција, искуство, образование и локација.

Еве како се одредуваат платите и покачувањата во компанијата според Жанел Гејл:

1. Нема многу простор за прегорови – и постои јасна причина за тоа

Преговорите се многу важна вештина. Меѓутоа, не значат се во Facebook – особено кога се работи за компензацискиот пакет.

Гејл вели дека доколку системот на одредување компензација се темели на преговори, тој ќе ги фаворизира добрите преговарачи на сметка на другите.

“Ние не сакаме да се впуштиме во преговори, бидејќи тоа во основа значи дека победникот ќе биде оној со најдобри преговарачки вештини“, вели Гејл. “Ние вработуваме кандидати поради нивните добри преговарачки вештини, освен ако вашата позиција го бара тоа“.

Токму затоа Facebook одлучува просторот за преговори со постојаните вработени да се сведе на минимум, а на новите компензацискиот пакет да им се одреди исклучиво преку формула.

2. Се земаат предвид сите претходни плати и тековната плата

“На овој начин сакаме да вработиме луѓе врз основа на нивното искуство и она што тие ќе можат да го испорачаат за компанијата, така што ја разгледуваме тековната состојба на кандидатите“, кажува Гејл.

Доколку целокупната вредност на стандардната понуда е под моменталната и конкурентската компензација за кандидатот, аналитичарот одговорен за формирање на компензациските пакети работи на тоа да крерира соодветна понуда.

Но, ако предложената плата е поголема од актуелните или конкурентните понуди, тогаш се дава зелено светло.

3. Фер плата за сите

Според Гејл, формулата за одредување на плати на Facebook “… помага да се откријат разликите помеѓу различните луѓе што доаѓаат во компанијата“.

На пример, истражувањата покажуваат дека жените имаат тенденција да ја прифатат првата понуда што ќе им се понуди, додека пак, мажите преговараат повеќе.

Во Facebook прават бенчмаркирање на работните места врз основа на различни фактори како позиција, ниво на одговорност и локација со што се создава простор за фер третман кон сите вработени. 


Ве интересира платата за некоја работа? Сега е лесно!

Споредете ја вашата плата сега!





Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата