logo

Како вашата плата се споредува со платата на Ајнштајн?

cover image

Дали менувањето на светот се исплати финансиски?

Сте се запрашале ли некогаш дали заработувате повеќе од луѓето кои го променија светот? Adzuna, британска веб страница за барање работа неодамна ги истражуваше платите на најпознатите научници кои оставиле значаен белег во развојот на човештвото и потоа ги претвори истите во нивната вредност денеска.

На пример, платата на Алберт Ајнштајн во 1933 година од 10.000 долари е еквивалентна на околу 178.000 долари денес, што го прави најплатениот научник во историјата на човештвото.

Инаку, Ајнштајн бил подготвен да ја прифати работата и за 3.000 долари, но неговиот работодавач, кој во тоа време бил Универзитетот Принстон, сакал да се осигури дека никој друг научник нема да заработува повеќе од Ајнштајн.

Подолу може да се погледне листата на научници за кои Adzuna објави колку заработувале и колку би изнесувал еквивалентот на нивната плата денес, како и за што точно се познати тие научници.

Може да се забележи дека постои извесна разлика помеѓу нивните плати бидејќи и тогаш, исто како и денес, постоел диспаритет на платите помеѓу професионалците од различни области.


  1. Алберт Ајнштајн (теорија за релативноста) – 177.641 долар 
  2. Александар Флеминг (пронаоѓање на пеницилинот) – 147.841 долар 
  3. Марија Кири (пронаоѓање на полониум и радиум) – 47.955 долари 
  4. Розалинд Френклин (пионерско истражување на ДНК) – 37.045 долари 
  5. Џорџ Вашингтон Карвер (земјоделски откритија и пронајдоци) – 29.333 долари 
  6. Мајкл Фарадеј (откривање на електромагнетна индукција) – 28.160 долари 
  7. Едвин Хабл (пионерска работа во екстрагалактичка астрономија) – 14.563 долари 
  8. Исак Њутн (закон за гравитацијата) – 14.987 долари
  9. Каролина Хершел (откривање на неколку комети) – 7.392 долари 
  10. Роберт Хук (закон за еластичност) – 4.496 долари 

Дознајте ја просечната плата за вашата професија


Споредете ја вашата плата сега!






Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата