Колку заработуваат програмерите во Македонија

Дали работите во ИТ индустријата? Ако сте љубопитни за различните позиции во ИТ индустријата и колку вработените на овие позиции заработуваат во просек, дојдовте на вистинското место.

Користејќи ги податоците на MojaPlata.mk, ги откриваме просечните плати за 10 работни позиции во ИТ индустријата. Исто така, обезбедивме и краток опис на работното место за да може да одредите дали вашите вештини се совпаѓаат.

1) ИТ Менаџер

Колку се заработува, во просек: 53.135 денари

Кои се вашите задачи: Управување со информатичката технологија и компјутерските системи, контрола и евалуација на ИТ и електронски операции со податоци и менаџирање на ИТ кадар.

2) IT System Administrator

Колку се заработува, во просек: 34.719 денари

Кои се вашите задачи: Инсталирање и конфигурирање на софтвер, хардвер и мрежи, мониторинг на перформансите на системот и обезбедување безбедност и ефикасност на ИТ инфраструктура.

3) IT Network Administrator

Колку се заработува, во просек: 27.725 денари

Кои се вашите задачи: Одржување на компјутерски мрежи и решавање на сите проблеми кои може да се појават со нив.

4) Веб дизајнер

Колку се заработува, во просек: 31.852 денари

Кои се вашите задачи: Креирање на предлози, дизајн и изглед на веб страници.

5) IT Tester

Колку се заработува, во просек: 39.607 денари

Кои се вашите задачи: Проверка на квалитетот на развој и имплементација на софтвер, анализа на софтвер и системи, ублажување на ризик и спречување на проблеми со софтвер.

6) IT/Technical Support Specialist

Колку се заработува, во просек: 27.584 денари

Кои се вашите задачи: Следење и одржување на компјутерски системи и мрежи, дијагностицирање на хардверски и софтверски грешки и решавање на технички проблеми.

7) Software Engineer

Колку се заработува, во просек: 62.235 денари

Кои се вашите задачи: Кодирање, дебагирање, одржување и тестирање на софтвер.

8) .NET Programmer

Колку се заработува, во просек: 60.722 денари

Кои се вашите задачи: Дизајнирање и развивање на софтвер и веб страни врз основа на дадени барања за изведба.

9) PHP Programmer

Колку се заработува, во просек: 56.679 денари

Кои се вашите задачи: Развивање на back-end компоненти, поврзување на апликации со други веб сервиси и поддршка на front-end девелоперите преку интегрирање на нивната работа во апликацијата.

10) Javascript Programmer

Колку се заработува, во просек: 31.235 денари

Кои се вашите задачи: Имплементирање на логиката на front-end-от која го дефинира однесувањето на визуелните елементи на веб апликацијата и нејзино поврзување со сервисите кои се наоѓаат во back-end-от.

Сакате да ја дознаете просечната плата за вашата професија според степенот на образование, работното искуство и регионот?

Споредете ја вашата плата сега!



Вести

05
Apr.
Колку заработуваат програмерите во Македонија

Дали работите во ИТ индустријата? Ако сте љубопитни за различните позиции во ИТ индустријата и колку вработените на овие позиции заработуваат во просек, дојдовте на вистинското место.

14
Mar.
10 интересни факти за македонските милениумци

До 2025 година милениумците ќе сочинуваат околу 75 проценти од работната сила.

28
Feb.
Трик прашање за плата на кое треба да внимавате

Едно од најнепријатните прашања што може да ви ги постават на интервју за работа е “Кои се вашите очекувања во врска со платата?“ или “Колку заработувате на вашата сегашна работа?“.