logo

Очекувана наспроти реална плата: На што да внимавате за време на промена на кариерата?

cover image

Анализата на Paylab, меѓународен портал за истражување на платите, укажува на тоа дека луѓето кои за прв пат влегуваат на пазарот на трудот имаат најамбициозни очекувања во однос на нивната плата.

Колку што се постари кандидатите, до толку се пореални и нивните очекувања за износот на платата. Покрај тоа, тие имаат тенденција да ја намалат потенцијалната плата за работно место за кое немале претходно работно искуство. Најамбициозни очекувања за платата може да се забележат кај вработените на возраст под 24 години. Во просек, генерацијата Z - т.е актуелните дипломци кои се нови на пазарот на трудот - очекуваат плата што е околу 9 тосто повисока од реалните плати за оваа старосна група.

Paylab анализира 73.093 прашалници за плата со очекувани плати за секоја старосна група во 12 европски земји. Генерално, лицата на возраст под 35 години најчесто бараат информации за платите за работни места за кои немаат искуство. Ова е, исто така, поврзано со фактот дека сегашната генерација милениумци ја замислуваат својата кариера како подинамична работа во споредба со претходните генерации и сакаат да се пробаат себеси на различни позиции.

Немањето искуство не е секогаш пречка


Луѓето го поврзуваат почетокот на годината со најразлични предизвици - вклучувајќи ја и желбата за промена на кариерната патека, што може да донесе нови искуства во нивниот работен век. Постојат вработени кои би сакале да направат радикални промени на нивната работна позиција и да ја испробаат среќата на нова позиција на која немаат никакво искуство. Тие ги евалуираат очекувањата за плата со услугата Paylab, што им овозможува да ги споредат нивните очекувања со реалноста за дадената позиција.


Немањето искуство на одредена позиција не е секогаш пречка. Многу често, доволно е да поседувате вештини, како што се зборувањето на странски јазик или комуникативност. Со растечкиот недостиг на работници на пазарот на трудот, работодавачите ги намалуваат нивните високи очекувања. Денес, многу компании можат да обезбедат обука за одредени работни места, како и неопходна поддршка и помош при менување на работните места.


Како може да ја дознаам платата за работното место ако немам искуство?

Порталите за истражување на плата поврзани со мрежата Paylab нудат онлајн услуга која им овозможува на работниците на пазарот на трудот да ја дознаат просечната плата за одредена работна позиција, дури и ако немаат искуство. Откако ќе ја селектираат посакуваната позиција, посетителите можат да одберат "немам работено на оваа позиција" во полето ИСКУСТВО НА ПОЗИЦИЈАТА. При пополнување на прашалникот, тие потоа можат да ја одредат очекуваната плата и да ја споредат со реалноста. На тој начин, влезните податоци - очекуваните плати - не влијаат на конечната пресметка на платите што корисниците ги гледаат на веб страната. Бројките прикажани на веб страната ги содржат само вистинските плати на вработените со работно искуство.




Што треба да имам на ум кога преговарам за плата за позиција на која немам искуство?

Да се знае вредноста на одредена работна позиција е особено важно кога ве интервјуираат менаџерите за човечки ресурси, но исто така е значајно и кога ги планирате своите лични финансии. Како што вели една стара поговорка, среќата го фаворизира подготвениот ум.




Идејата на апликантите за платата за позицијата за која размислуваат честопати се разликува од вистинските бројки. Во многу области, очекувањата се премногу високи или премногу ниски. Тука, неопходно е да се има предвид фактот дека просечната плата за позицијата е генерирана од податоците на младите и постарите вработени, со разлики во големината и фокусот на комапаниите кои ги вработуваат. Така, просечната плата служи само за информативни цели. На интервјуто за работа, исто така, потребно е да се запрашате за аспектите кои можат да влијаат на вашиот конечен доход или дури и да намалат некои од вашите тековни трошоци. Paylab подготви шест области кои треба да ги разгледате.

Ако сакате да погледнете подетален преглед на платите за одредена позиција, локализираната веб страна на Paylab (www.mojaplata.mk) нуди можност да купите подетална анализа за платата, што ви овозможува да ги видите промените во платата во зависност од искуството и образованието.

  

1) Работно време (работни смени, прекувремена работа, работа во вечерните часови, во текот на ноќта или за време на викенд)

Платата на вработениот зависи од должината на неговото работно време. На интервјуто, не заборавајте да прашате колку часа работникот треба да работи за да ја добие основната плата, и дали работодавачот плаќа за прекувремена работа. Добро е однапред да се знае како е организирано работното време имајќи предвид дека постојат додатоци за плата за дополнителна работа. Платите за работните места со скратено работно време исто така се пресметуваат според работните часови.


2) Користење на уреди и објекти на компанијата за лични цели

Комоцијата на вработениот исто така зависи од тоа дали тој или таа може да користи уреди или објекти на компанијата за лични цели. Најчесто, тоа вклучува службен телефон, лаптоп или возило. Понекогаш, тоа може да вклучи и можност да се искористат просториите на компанијата или нејзините технички капацитети. Во некои компании, може да купите и отфрлен материјал по поволна цена или - во случај да се работи за занаетчиски бизнис - да се користи машината за работа за лични цели. Многу работодавци нудат разни поволности и попусти на вработените на стоките и услугите кои ги произведува компанијата.


3) Зачестеноста на деловните патувања

Ако патувањето е вклучено во описот на работното место, тоа спаѓа во категоријата на деловни патувања. Ако сте испратени на службено патување од страна на вашиот работодавач, имате законско право на дневен надоместок за патување. Ова ги опфаќа трошоците за храна и патување, и ако службениот пат се протега повеќе од неколку дена, трошоците за сместување се целосно покриени. Додатокот за меѓународно патување е далеку поатрактивен - од финансиски аспект.


4) Шемата со бенефиции на работодавачот

Најчест бенефит е променливата компонента на платата. Прашајте за финансиските бенефиции што ги нуди работодавачот и условите кои треба да се исполнат за да се добијат. Конкретно, може да прашате за месечните бонуси или за бонусите на крајот од годината. Компаниите обично им даваат бонуси на вработените кои го подобруваат квалитетот, ги намалуваат трошоците на компанијата, иновираат, препорачуваат нови и талентирани вработени, придобиваат нови клиенти и постигнуваат повеќе од поставените цели. Исто така е корисно ако вработениот дејствува како амбасадор на културата на компанијата.

Следната табела го прикажува бројот на вработени кои добиваат месечен бонус во одредени земји. Земјите во кои оваа бенефиција е најзачестена се Чешка, Словачка и Словенија.





5) Степенот на одговорност на работа

Основно правило за секое интервју за работа: треба да зборувате за платата само откако другата страна ќе ве запознае со сите ваши должности и одговорности. Особено кај помалите компании, се случува да се акумулираат работни позиции, што значи дека голем број работни позиции се спојуваат во една. Во зависност од степенот и висината на одговорноста, може да се процени степенот и износот на стресот кој произлегува од тоа работно место. J


6) Пробниот период наспрови вашата плата по неговото успешно завршување

Ако треба да започнете на нова позиција без претходно искуство, работодавачот нема гаранција дека работникот е вистинскиот кандидат. Затоа е логично да се прифати компромис - вие се согласувате со пониска почетната плата, која може да се зголеми на посакуваното ниво по завршувањето на пробниот период. На тој начин, двете страни можат да бидат задоволни. На раководни позиции, пробниот период може да биде подолг од вообичаеното. На интервјуто разговарајте за можноста за зголемување на платата по неговото завршување. Можете исто така да побарате да имате измени во платата вклучени во договорот за работа.


 

Споредете ја вашата плата сега!