logo

PAYLAB АНАЛИЗА: Колку се високи финансиските бонуси во однос на платите на вработените?

cover image

Финансиските бенефиции се атрактивен извор на пари и имаат моќ значително да ја зголемат фиксната компонента на годишниот доход. Работодавците ги користат овие бенефиции за да ги мотивираат вработените во текот на календарската година и да им се заблагодарат за работата што ја извршиле на крајот од фискалната година. Важно е да се запомни дека само некои работодавци ја нудат оваа форма на финансиски бенефит. Во голема мера тие зависат од самата финансиска состојба на работодавачот. Од друга страна пак, нефинансиските бенефиции се многу позастапени во практиката.



Споредете ја вашата плата сега!


Кој има најголема корист од финансиските бонуси?


Macedonia:mojaplata_paylab_annual_salaty_top_managers_overview


Помеѓу различните нивоа на позиции, оние кои најмногу профитираат од финансиските бонуси се топ менаџерите. За нив, финансиските бонуси добиени за време и на крајот на годината сочинуваат до 33% од нивниот вкупен годишен доход. Таквите бонуси во Романија сочинуваат до 41% од доходите на менаџерите на водечки позиции. Топ менаџерите се наградени во најголема мера на крајот на годината преку исплата на годишни бонуси кои вредат двојно повеќе од нивната стандардна месечна плата. Во сите земји од Централна и Источна Европа, овие бонуси на годишно ниво во просек изнесуваат една десетина од годишниот доход на топ менаџерот.



Дали вреди да се има пониска или средна менаџерска одговорност?



annual salary low and middle managers europe macedonia mojaplata

Macedonia_mojaplata_paylab_annual_income_low and middle managers overview


Ниските и средните менаџери добиваат финансиски бенефиции во просек до 23% од нивниот годишен доход. На други нивоа, доходот додаден преку финансиски бонуси изнесува помал дел од годишната плата.



Кој финансиски бонус е најчесто исплатен?


worker monthly bonus financial benefits mojaplata macedonia

Во областа на финансиските бенефиции, најраспространети се варијабилните месечни бонуси. Најчесто ги добиваат вработените во Република Чешка, Словенија и Словачка. Тие сочинуваат една петтина од фиксната месечна плата на вработените во земјите од Централна и Источна Европа. Вработените ги добиваат без разлика на нивото на позицијата, од помошници, општи работници и услужен персонал па до врвни менаџери.

Ако некој ги брои месечните бонуси во текот на целата календарска година, добиената сума може да ве изненади. Имено, тие го сочинуваат најголемиот дел од сите финансиски бенефиции кои се вклучени во годишната плата на вработениот: до 15% од годишниот доход на вработениот. Варијабилните бонуси добиени во текот на годината, всушност, можат да им донесат на вработените повеќе пари отколку еднократниот бонус на крајот од годината во форма на божиќен бонус или годишен бонус.

Macedonia moja plata paylab how many employees do receive monthly bonuses

Божиќен бонус (понекогаш именуван како 13-та плата) е најмалку застапен финансиски бенефит. Таквиот бонус е релативно скап за работодавачите, бидејќи често е формален дел од договорите за вработување и се исплаќа со платата за ноември или декември. Таквите бенефиции се најзастапени во Хрватска и Словенија.

Самите финансиски бонуси често се изведени од основната плата на вработениот. Затоа Paylab препорачува вработените да се фокусираат на постигнување на највисоко можна основна плата во рамките на преговорите за плата. Paylab има и извештаи за плата за сите работни места во Централна Европа, Балканот, Балтикот и Финска.


За Paylab


Paylab е интернационална платформа за истражување на платите која прибира информации за доходите и бонусите на вработените на различни позиции. Независните анализи на платите потоа ги користат компаниите за соодветно внатрешно поставување на нивоата на платите за поединечни работни места.

MojaPlata.mk е дел од интернационалното Paylab истражување за плати кое е овозможено од страна на Вработување ОНЛИНЕ.


Споредете ја вашата плата сега!


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата