logo

Трик прашање за плата на кое треба да внимавате

cover image

Едно од најнепријатните прашања што може да ви ги постават на интервју за работа е “Кои се вашите очекувања во врска со платата?“ или “Колку заработувате на вашата сегашна работа?“.

Како и во многу други непријатни ситуации, вашата избрзана реакција може да биде веднаш да го дадете одговорот, наведувајќи колку заработувате, а потоа да зборувате за опсегот за кој би ја прифатиле новата работа.

Тоа е стапица, тврди Рамит Сети, професор и најпродаван автор за лични финансии.

Според него, кога искусни регрутери ќе слушнат директен одговор на прашањето за плата, веднаш си мислат: “Те имам“. Тоа е така бидејќи, на пример, ако биле подготвени да ви понудат 90.000 долари годишна плата, кога ќе слушнат дека вие би ја прифатиле работата и за 60.000 долари, ќе ви понудат значително помала сума.

Како правилно да одговорите?

Ако категорично одбиете да одговорите на прашањето, постои опасност да му оставите лош впечаток на вашиот регрутер. Но, нема потреба да го направите тоа. Користете ја тактиката на политичарите и избегнете го тоа.

Ако сте на интервју за работа и регрутерот ве праша колку заработувате или колку би сакале да изнесува вашата плата, Сети ве советува да одговорите: “Знаете што, за парите може да разговараме и подоцна, а во моментов да се фокусираме на тоа дали сум добар кандидат за отвореното работно место. Јас сум сигурен дека и вие сакате да го направите истото“.

Сети вели дека ова им испраќа порака на регрутерите дека имате повеќе понуди на масата.

Неговиот совет е да ги започнете преговорите за плата само кога регрутерот ќе ви даде понуда за вработување.

Што велат другите експерти?

Во интервју за Бизнис Инсајдер, консултантот за човечки ресурси Лин Тејлор исто така препорачува да се држите до стратегијата за избегнување на одговорот. Но, доколку се соочите со регрутер којшто ќе инсистира да добие одговор, дајте го вистинскиот одговор, но со објаснување.

Одговорете на прашањето за опсегот врз основа на тоа колку изнесува платата на луѓето што веќе се наоѓаат на таа позиција во компанијата – факти што треба да ви бидат познати од вашето претходно истражување – а на прашањето за тековна плата одговорете со истакнување на вашите други бенефиции што ги имате на тековното работно место.

Без оглед на ситуацијата, никогаш не одговарајте директно.

Инаку, веќе сте ги изгубиле преговорите за плата уште пред да почнат.


Ве интересира платата за некоја работа? Сега е лесно!

Споредете ја вашата плата сега!




Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата