logo

MojaPlata.mk – твојот пат кон платата што ја заслужуваш

10.10.2018

cover image

Дали сте еден од многуте професионалци кои за себе сметаат дека работат и се трудат многу повеќе отколку што заработуваат? Ние имаме решение за да го докажете тоа!


Платата е еден дел од компензацијата што работодавачот му ја дава на работникот за целокупниот негов труд вложен на работното место. Таа се утврдува со договор помеѓу работодавачот и работникот, а истата несекогаш е фер за двете страни.

Најчесто, незадоволството се јавува на страната на работниците бидејќи сметаат дека се потценети. Кога ќе побараат покачување во момент кога работодавците не се подготвени да го дадат, тие наидуваат на многубројни изговори како што се: (1) не се трудиш доволно, (2) немаш доволно искуство за унапредување, (3) не се споредувај со другите, (4) не инвестираш доволно во себе и (5) заработуваш многу повеќе од останатите во дејноста.

Меѓутоа, една од најголемите причини за неуспешните преговори за плата е во тоа што голем дел од вработените се впуштаат во нив без претходно да ја спознаат својата вистинска вредност. Запомнете дека пред фактите и боговите молчат.

Компензациски пакет наместо само плата

Кога правите споредби, никогаш не ја гледајте само платата туку целиот компенациски пакет кој го добивате како вработен во компанијата. Тука спаѓаат и голем број на нефинансиски бенефиции како што се: обуки, флексибилно работно време, автомобил за приватна употреба, програма за попусти, можност за работа од дома, корпоративни настани и многу други. Понекогаш се случува одредени вработени да одбијат повисока плата во друга компанија поради големиот број нефинансиски бенефиции кои ги уживаат на своето тековно работно место. Токму затоа е потребно да бидете свесни за целокупниот компензациски пакет што го имаат останатите вработени кои ги поседуваат истите вештини и истото искуство како вас.

Ние го имаме решението за вас

Една од основните вредности на Vrabotuvanje.com е заложбата за фер плати и компензација не само во рамките на нашата компанија, туку и на целиот пазар на труд. За таа цел, во октомври 2018 го лансиравме нашиот најнов проект Mojaplata кој ќе му овозможи на секој работобарател да ја спореди својата плата со останатите работобаратели вработени на истата позиција, со истите вештини и со истото работно искуство.

Се прашувате колкава е вашата плата во споредба со другите? Се подготвувате за интервју или преговори за плата? Сакате да знаете која е платата која одговара на вашата позиција?

Едноставно е - пополнете го краткиот прашалник и дознајте која е вашата идеална и фер плата.

Споредете ја вашата плата сега!


*Споредбата на платата ќе добиете по собирање на 5 верифицирани прашалници за позицијата. 


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба со платите.

Споредете ја вашата плата