Протекоа платите на 10-те најплатени фудбалери во светот

Угледниот француски весник L’Equipe ги објави платите на 10-те најплатени фудбалери во светот.

Лионел Меси е фудбалер со убедливо највисока бруто плата во светот, открива францускиот весник L’Equipe кој во своето денешно издание ја обелодени листата на 10-те најплатени фудбалери во светот.

На врвот се наоѓа суперѕвездата Меси со месечна плата од 8.3 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од платата на Кристијано Роналдо кој се наоѓа на второто место.

Трет на листата е французинот Антоан Гризман од Атлетико Мадрид со месечна плата од 3.3 милиони евра, а зад него се наоѓа Нејмар кој во дресот на францускиот првак ПСЖ заработува 3.06 милиони евра.

Зад Нејмар следат уште тројца фудбалери од шпанска примера – Луис Суарез со 2.9 милиони евра, Герет Бејл со 2.5 милиони евра и Филипе Кутињо со 2.3 милиони евра месечна бруто плата.

На крајот на листата се наоѓаат Алексис Санчез (2.28 милиони евра), Килијан Мбапе (1.73 милиони евра) и Месут Озил (1.6 милиони евра).

Интересен е податокот дека половина од овие фудбалери настапуваат во шпанската прва лига.


 

Споредете ја вашата плата сега!



Вести

05
Apr.
Колку заработуваат програмерите во Македонија

Дали работите во ИТ индустријата? Ако сте љубопитни за различните позиции во ИТ индустријата и колку вработените на овие позиции заработуваат во просек, дојдовте на вистинското место.

14
Mar.
10 интересни факти за македонските милениумци

До 2025 година милениумците ќе сочинуваат околу 75 проценти од работната сила.

28
Feb.
Трик прашање за плата на кое треба да внимавате

Едно од најнепријатните прашања што може да ви ги постават на интервју за работа е “Кои се вашите очекувања во врска со платата?“ или “Колку заработувате на вашата сегашна работа?“.