10 интересни факти за македонските милениумци

До 2025 година милениумците ќе сочинуваат околу 75 проценти од работната сила.

Најмладиот припадник на генерацијата Y во 2019 ќе наполни 23 години,а најстариот 38. Станува збор за генерација која израсна со видео игрите и бизарните звуци на deal-up модемот, ја искуси првата генерација на паметни телефони и се етаблира на социјалните мрежи.

На професионален план, милениумците се независни, динамични, сакаат промени и се стремат да ги утилизираат новите технологии. Тие преферираат компании во кои ги препознаваат своите вредности.

До 2025 година припадниците на оваа генерација ќе сочинуваат околу 75 проценти од работната сила па затоа е важно компаниите да знаат како да управуваат со нив.

Во продолжение ви претставуваме 10 интересни факти за милениумците во Македонија:

1. 4 од 10 милениумци би сакале работодавачот да им обезбеди професионални курсеви и учество на конференции

2. Секој трет милениумец посакува да има паркинг на своето работно место, а само 15% би сакале автомобил за приватна употреба

3. Најпосакувана нефинансиска бенефиција е бесплатни пијалоци (чај, кафе, минерална вода,...)

4. 50% од милениумците поседуваат универзитетска диплома за завршено високо образование

5. Една четвртина од милениумците се вработени во компании кои имаат од 50 до 249 вработени

6. 9 од 10 милениумци се вработени во приватниот сектор

7. Месечната нето плата на 10% од милениумците надминува 43.000 денари

8. 23% од милениумците добиваат месечен бонус, а неговата просечна вредност изнесува 4.000 денари

9. Само 1 од 4 милениумци е вработен кај работодавач кој му овозможува флексибилно работно време

10. Дури 23.5% од милениумците немаат ниту една бенефиција на своето работно место


Ве интересира платата за некоја работа? Сега е лесно!

Споредете ја вашата плата сега!



Вести и Статии

14
Mar.
10 интересни факти за македонските милениумци

До 2025 година милениумците ќе сочинуваат околу 75 проценти од работната сила.

28
Feb.
Трик прашање за плата на кое треба да внимавате

Едно од најнепријатните прашања што може да ви ги постават на интервју за работа е “Кои се вашите очекувања во врска со платата?“ или “Колку заработувате на вашата сегашна работа?“.

08
Feb.
Протекоа платите на 10-те најплатени фудбалери во светот

Угледниот француски весник L’Equipe ги објави платите на 10-те најплатени фудбалери во светот.