logo

Елон Маск заработува колку 40.668 вработени во Тесла

cover image

Елон Маск е најплатениот извршен директор за 2018 година и заработува дури 40.668 пати повеќе од просечниот работник во Тесла.

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, заработува толку многу пари со што се отвора прашањето дали неговите внуци еден ден ќе успеат да го потрошат сето тоа богатство. Според последниот извештај за компензација на “Њујорк тајмс“, Маск е најплатениот извршен директор во 2018 година.

Имено, тој само во изминатата година успеал да заработи неверојатни 2.3 милијарди долари – сума која приближно е еднаква на заработката на другите 65 директори кои се рангирани после него.

Платата на Маск се зголемила за 4.6 милиони проценти во 2018 година

Извршните директори кои се најдоа на листата добиле покачување на платата за 16.4 проценти во 2018 година, за разлика од 2016 година кога нивната плата порасна за само 9 проценти. Односот помеѓу платата на извршниот директор и просечната плата на вработените, исто така, бележи тренд на пораст па така просечниот работник добива речиси 277 пати пониска плата од неговиот колега во топ менаџментот.

Компензацискиот пакет на Елон Маск во 2018 година пораснал за неверојатни 4.6 милиони проценти па така неговата заработка е за 40.668 пати поголема од просечната годишна плата на вработените во Тесла која изнесува 56.163 долари.

Меѓутоа, не е се така едноставно. Компензацискиот пакет на Маск во голема мера зависи од перформансите на компанијата, а најголемиот дел од него е директно врзан со акциите на Тесла. Тоа значи дека Елон Маск мора да продолжи да ги постигнува зададените цели во текот на следните 10 години за да му биде исплатена договорената сума. 

Добијте бесплатна персонализирана анализа за вашата плата

Споредете ја вашата плата сега!