logo

Monster: 67% од кандидатите не преговараат за плата

cover image

Шеесет и седум проценти од повеќе од 2.000 учесници во неодамнешното истражување на Monster сметаат дека не се во можност да преговараат за својата плата.

Кога станува збор за преговорите за плата, дури 41.5% од 1.982 испитаници се изјасниле дека нивната компанија им ја одредила платата што ќе ја заработуваат, додека само 4.4% од анкетираните добиле повисока плата од таа што ја побарале.

Од друга страна, 14.6% од учесниците во истражувањето понудиле платен оспег, а работодавачот им понудил плата која се наоѓа во тој оспег.

За 15.3% крајната понуда за плата била помала од тоа што тие го побарале, велат од Monster.

Дали кандидатите преговараат и за годишен одмор?

Кога преговараат за годишен одмор, 22% од вкупно 1.667 испитаници се изјасниле дека биле во можност да го договорат времето за одмор и се согласиле со изјавата “Политиката за одмор е една од причините зошто работам овде“.

Некои испитаници (32%) се обиделе да испреговараат за некој ден повеќе, меѓутоа без успех, додека 21.3% кажале дека се доволно задоволни само со тоа што успеале да се вработат.

Monster