Според најновите податоци од платформата MojaPlata, која ги анализира примањата врз основа на податоци од пазарот на труд, ИТ професиите и високите менаџерски позиции се меѓу најплатените во Македонија.
Анализата се однесува на просечни нето месечни плати, пресметани врз основа на пријавени податоци од корисниците и компаниите.
На врвот на листата се наоѓа позицијата Регионален менаџер / директор, со просечна нето плата од 178.539 денари месечно.
Веднаш зад неа следуваат ИТ професиите. IT Architect има просечна нето плата од 177.171 денари, додека Lead Developer во просек заработува 161.425 денари.
Меѓу најплатените позиции се и високите раководни функции. ИТ директор има просечна нето плата од 159.063 денари, додека извршен директор (CEO) во просек заработува 130.065 денари месечно.
Високо на листата се и директорите за продажба, со просечна нето плата од 126.438 денари, како и главните извршни директори со 124.117 денари месечно.
Покрај менаџерските позиции, доминира и ИТ секторот. Меѓу најплатените технолошки професии се:
Software Engineer – 106.858 денари нето
C# програмер – 105.176 денари нето
iOS Developer – 103.620 денари нето
Android Developer – 103.168 денари нето
QA Automation Tester – 98.234 денари нето
Scrum Master – 97.866 денари нето
DevOps инженер – 97.389 денари нето
Интересно е што меѓу најплатените професии се наоѓа и пилот, со просечна нето плата од 104.589 денари, што покажува дека и транспортниот сектор нуди високи примања за специјализирани кадри.
Листата ја заокружува позицијата менаџер за регулаторни работи во медицината и социјалната заштита, со просечна нето плата од 95.226 денари месечно.
Податоците од MojaPlata покажуваат дека на македонскиот пазар на труд највисоките плати најчесто се поврзани со експертиза, лидерски позиции и технолошки вештини.