logo

Кој зема најголема плата во Македонија?

cover image

Според најновите податоци од платформата MojaPlata, која ги анализира примањата врз основа на податоци од пазарот на труд, ИТ професиите и високите менаџерски позиции се меѓу најплатените во Македонија.

Анализата се однесува на просечни нето месечни плати, пресметани врз основа на пријавени податоци од корисниците и компаниите.

На врвот на листата се наоѓа позицијата Регионален менаџер / директор, со просечна нето плата од 178.539 денари месечно.

Веднаш зад неа следуваат ИТ професиитеIT Architect има просечна нето плата од 177.171 денари, додека Lead Developer во просек заработува 161.425 денари.

Меѓу најплатените позиции се и високите раководни функцииИТ директор има просечна нето плата од 159.063 денари, додека извршен директор (CEO) во просек заработува 130.065 денари месечно.

Високо на листата се и директорите за продажба, со просечна нето плата од 126.438 денари, како и главните извршни директори со 124.117 денари месечно.

Покрај менаџерските позиции, доминира и ИТ секторот. Меѓу најплатените технолошки професии се:

Software Engineer – 106.858 денари нето

C# програмер – 105.176 денари нето

iOS Developer – 103.620 денари нето

Android Developer – 103.168 денари нето

QA Automation Tester – 98.234 денари нето

Scrum Master – 97.866 денари нето

DevOps инженер – 97.389 денари нето

Интересно е што меѓу најплатените професии се наоѓа и пилот, со просечна нето плата од 104.589 денари, што покажува дека и транспортниот сектор нуди високи примања за специјализирани кадри.

Листата ја заокружува позицијата менаџер за регулаторни работи во медицината и социјалната заштита, со просечна нето плата од 95.226 денари месечно.

Податоците од MojaPlata покажуваат дека на македонскиот пазар на труд највисоките плати најчесто се поврзани со експертиза, лидерски позиции и технолошки вештини.


Откријте дали ви плаќаат доволно

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

arrow Споредете ја вашата плата