logo

Собранието ги усвои законските измени, од март минималната плата 18.000 денари

24.2.2022

cover image

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои се дефинираат условите за минималната плата од 18.000 денари. Тие треба да почнат да се применуваат со мартовската плата што ќе се исплати во месец април

Со новото законско решение старите критериуми се заменети со два нови поповолни критериуми со кои усогласувањето на минималнaта плата ќе биде: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата во Република Северна Македонија во претходната година и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Третиот критериум е новина, со која висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

За спроведување на Законот за минимална плата до крајот на годината ќе бидат потребни 939.645.000 денари од буџетот на Република Северна Македонија. Државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од минималната плата од 15.200 денари која се исплаќа сега, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари.

Предвидената финансиска помош од буџетот на Република Северна Македонија се однесува за периодот март-декември 2022 година истата ќе биде во износ од 1.197,00 денари. Притоа, се дефинира дека оваа финансиска помош им се обезбедува на работодавачите за работници на кои основната плата ќе се исплаќа до нивото на бруто-плата во износ од 26.422,00 ден.


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата